Прес конференција на која изјави дадоа Проф. д-р Глигор Тофоски, Весна Матевска, програмска раководителка на ХЕРА и Виктор Велевски, директор на државниот студентски центар
По повод Светската недела на сексуално и репродуктивно здравје, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истржажување – ХЕРА и со поддршка од Македонското лекарско друштво од 13-ти до 19-ти февруари, ќе организира низа активности на тема „Сакаш да се мазиме? Ама да се пазиме!“.
Изјави за медиуми ќе дадат Проф. д-р Глигор Тофоски, претседател на МАГО, Весна Матевска, програмска раководителка на ХЕРА и Виктор Велевски, директор на државниот студентски центар на 13 февруари (понеделник) од 12:00 – 12:20ч. во студентски дом „Гоце Делчев“ Адреса: М.Т. Гологанов (Иво Лола Рибар) б.б.
Главната активност на кампањата ќе биде здравствена едукација со делење на едукативни материјали и презервативи за сите сексуално активни лица, кое ќе се случува во државните студентските домови во Скопје, како и во Сити Мол каде тим од млади доктори ќе им обезбедат одговори на студентите и посетителите на сите прашања за нивното сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ). Со редовната употреба на кондомот секој адолесцент ќе направи здрав и безбеден избор за себе и за својот партнер/ка.
Во студентските домови, студентите водени од уметникот Доротеј Нешовски, ќе имаат можност преку креативна работилница да развијат креативни приказни, стрипови, цртежи и пораки преку кои ќе ги пренесат своите размислувања за тоа што за нив подразбира грижа за нивното сексуално и репродуктивно здравје.
Кампањата е поддржана од ХЕРА , Студентските домови „Гоце Делчев“, „Пелагонија“ и „Стив Наумов“ а покровители се Skopje City Mall и печатницата Промедиа.
Посетите ќе се одвиваат на следните локации: Сити Мол, 12 февруари од 12-17ч., ДСД “Гоце Делчев”, на 13-ти февруари, од 11 до 15 часот; ДСД “Пелагонија”, на 14-ти февруари, од 11 до 15 часот; ДСД “Стив Наумов”, на 15-ти февруари, од 11 до 15 часот.