Во текот на кампањата, младите ни дадоа одговори и на кратки прашалници. Едниот прашалник беше наменет да ги процени нивните предзнаења за сексуално преносливите инфекции (СПИ), додека пак другиот да ја отслика генералната слика за употребата на кондомот и останатите модерни контрацептивни методи помеѓу младите во нашата држава.
Резултатите говорат за тоа дека младите немаат доволно информации и не умеат да го препознаат ризикот од незаштитениот сексуален однос, односно од СПИ и непланираната бременост.
Погледнете ги добиените резултати:
- Прашалник за достапност и употреба на контрацептивни методи:
- 60% од испитаниците се на возраст од 15 до 24 години;
- од вкупниот број на испитаниците 53,8% се девојчиња/жени, а 45,7% момчиња/мажи;
- дури 71% од испитаиците имале барем еден незаштитен сексуален однос;
- само 46,8% редовно користат кондом, 23,1% никогаш не користат кондом, а 31% понекогаш;
- 48% од испитаниците сметаат дека кондомите се скапи;
- 90,8% не практикуваат друга модерна контрацептивна метода.
- Прашалникот за проценка на предзнаењата за сексуално преносливи инфекции:
- 63,5% се на возраст од 15 до 18 години, а 20,1% на возраст од 19 до 24 години;
- 43,4% од сексуално активните испитаници, никогаш не биле на гинеколошки/уролошки преглед;
- 80% од испитаниците не знаат да наведат најмалку три сексуално преносливи инфекции. Генерално, одговорите ги содржат ХИВ и СИДА како две различни сексуално преносливи инфекции, а во 30% од одговорите испитаниците ги наведуваат и другите сексуално преносливи инфекции како сифилис, гонореа, хламидија и ХПВ.
- 40% од испитаниците не знаат што е ПАП тест, и која е неговата превентивна улога.