Извештај од мобилните амбуланти април-јуни 2022

Tеренските активности од овој проект продолжија да се спроведуваа со две мобилни гинеколошки амбуланти и во изминативе три месеци, односно во период на месец април, мај и јуни. При што започнувајќи од 1-ви април до 30-ти јуни 2022 година, вкупен број на прегледани пациентки преку двете мобилни гинеколошки амбуланти изнесуваше 726 пациентки

Од вкупниот број на прегледани пациентки најголем одзив има кај пациентките на возраст од 51 до 60 години, или 30%, а најмалиот одзив е од пациентките на возраст од 15 до 30 години, опфатот е само 6%. 

Неколку податоци за работата на двете мобилни гинеколошки амбуланти: 

  • Мобилната гинеколошка амбуланта 1 беше достапна на терен од 4-ти април при што во период од месец април до јуни преку 30 теренски активности им беше достапно на пациентките од руралните области во и околу Демир Капија, Македонски Брод и битолско, односно општинa Могила. 
  • Мобилната гинеколошка амбуланта 2 од месец април до месец јуни преку 35 теренски активности им овозможи преглед на девојчињата и жените од Старо Нагоричане, Конче, Делчево и тетовското Теарце. 
  • Истовремено, продолжи успешната соработка со невладината организација ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и со Казнено поправната установа “Идризово”, а се разви и успешна соработка и се реализираа неколку теренски активности за пациентките од центарот за превенција и третман на болести и зависности од дрога. 
Мобилна Гинеколошка Амбуланта бр. 1 – април

Општина:Датуми: Број на прегледани пациентки: Липково  1.04.2022година.16Демир Капија04.04. – 21.04.2022година96Македонски Брод28.04 – 29.04.2022година22
Вкупно: 134

Мобилна Гинеколошка Амбуланта бр. 2 – април

Општина:Датуми: Број на прегледани пациентки: 
Старо Нагоричане04.04. – 08.04.2022година.40
Конче16.04. – 29.04.2022година74
Идризово  2
Вкупно: 116

Во периодот на месец април прегледани се вкупно 250 пациентки во двете мобилни гинеколошки амбуланти. 

Мобилна Гинеколошка Амбуланта бр. 1 – мај

Општина:Датуми: Број на прегледани пациентки: Македонски Брод03.05. – 06.05.2022година34Делчево14.05. – 20.05.2022година66ХОПС13.05.2022година  2
                                    Вкупно: 102
Мобилна Гинеколошка Амбуланта бр. 2 – мај

Општина: Датуми: Број на прегледани пациентки: Конче3.05. –   5.05.2022година35Делчево6.05. – 16.05.2022година110Центар за зависници17.05. – 20.05.2022година12
                                    Вкупно:157

Во периодот на месец мај прегледани се вкупно 259 пациентки во двете мобилни гинеколошки амбуланти. 

Мобилна Гинеколошка Амбуланта бр. 1

Општина:Датуми: Број на прегледани пациентки: Могила06.06. – 10.06.2022година64Затвор Идризово08.06.2022година  2



                                  Вкупно: 66
Мобилна Гинеколошка Амбуланта бр. 2

Општина:Датуми: Број на прегледани пациентки: Теарце6.06. – 22.06.2022година151
                              Вкупно: 151


Во периодот на месец јуни прегледани се вкупно  217 пациентки во двете мобилни гинеколошки амбуланти. 

Статистички податоци според анализираните резултати од наодите на ПАП тестовите: 

  • Кај 70 пациентки на просечна возраст од 40 до 42 години е утврден причинител на бактериска вагиноза, при што на пациентките им се дадени соодветни совети и препораки за третман.  
  • Кај 55 пациентки на просечна возраст од 46 до 48 години е потвдено присуството на диморфната габична инфекција, Candida albicans, при што на пациентките им се дадени соодветни совети и препораки за третман.  
  • Кај 15 пациентки на просечна возраст од 46 до 48 години е утврден е наод на хронични инфламаторни промени на цервикалната мукоза асоцирани со ХПВ вирусната инфекција. 

Притоа, дадени им се препораки за соодветна медикаментозна терапија и контролен ПАП тест со ХПВ типизација и колпоскопски преглед  за 4 до 6 месеци. 

Кај една пациентка на 34 годишна возраст е утврдена промена од тежок степен или висок ризик – CIN 3 (high-grade dysplasia), односно цервикална интраепителна неоплазија, односно промена на клетките на епителот на грлото на матката чии малиген потенцијал е 35-40% и кои изискуваат потврдување на дијагнозата хистопатолошка верификација, односно биопсија на цервикалното грло, како и третман со локална ексцизија или отстранување на дел од грлото на матката. 

Кај една пациентка на 42 годишна возраст е утврден атипичен наод на плочестите епителни клетки со недетерминирачко значење (ASC-US), при што дадена и е препорака за ХПВ типизација, колпоскопски преглед и хистопатолошка верификација на промените преку биопсија и киретажа. 

Кај останатите пациентки утврден е нормален наод на цервикалната мукоза. 

Обука за доктори, специјалисти по гинекологија и акушерство

Една од главните цели на проектот беше и вклучување на доктори, специјалисти по гинекологија и акушерство и медицинските сестри кои работат во приватни и државни здравствени установи, клинички центри во општините ширум државава.  

За таа цел се реализираше online – обука наменета за докторите и медицинските сестри од Битола и битолско, преку која се запознаа со работните активности, медицинската апаратура, условите и услугите што ги нудат мобилните гинеколошки амбуланти, а потоа беа вклчени и во теренските активности наменети за пациентките на општината Могила.