Планирањето на семејството овозможува секој пар да го одреди времето и бројот на бремености во нивниот живот, како и растојанието помеѓу децата во семејството.
Планирањето на семејство води до подобри здравствени резултати и за мајката и за бебето. Планирањето на семејство е главен економски двигател на жените во последните 85 години, значително ја намалува стапката на детска сиромаштија, како и стапката на сиромаштија кај возрасните, го подобрува нивото на образование помеѓу младите, ја намалува лошата или никаква пренатална грижа и употребата на недозволени дроги.
Република Северна Македонија има ниска стапка на преваленца на современи контрацептивни средства – само 21%.
Според СЗО, околу 16 милиони адолесценти на возраст од 15 до 19 години раѓаат деца секоја година, што претставува околу 11% од вкупните раѓања во светот.
Во нашата држава мајките родилки под 18 години опфаќаат 4%.
Низ нашето образование ретко се зборува за сексуално и репродуктивно здравје. Дури 20% од нашите адолесценти сметаат дека кондомот може да помогне во спречување на бременоста, но не и во спречување на било која сексуално пренослива инфекција (СПИ).
Затоа потребно е доверливи дискусии со оние кои премногу често се занемарени, со адолесцентите. Истите треба да имаат избор, пристап, доверлива здравствена грижа, едукација и поддршка за да го подобрат својот сексуален и репродуктивен живот. Потребен е слободен пристап на младите до контрацепција!
Денес е 26-ти септември, Светскиот ден на контрацепција. Да го одбележиме со неколку интересни факти:
- Обликот на срцето, кој го користиме за да кажеме некому “те сакам”, историчарите го асоцираат со обликот на семето на силифиумот, вид џиновски анасон кој некогаш растел на крајбрежјето во близина на античка Кирена (близу сегашниот Шаххат, Либија). Притоа, уште во 1850 година п.н.е, во античка Месопотамија и антички Египет, на записи на папирус откриени се упатства за тоа како да се направи бел ароматичен пијалок од листовите на силифиумот, кој бил познат по своите контрацептивни својства.
- Неколку стотици години подоцна, мажите Египќани користеле ленени обвивки кои биле обоени во различни бои за да се разликуваат и класите на луѓето.
- Првите гумени кондоми масовно започнале да се произведуваат во 1860-тите пред се за спречување на сексуално преносливите инфекции (СПИ), по избувнувањето на сифилисот низ западна Европа. Тогаш сифилисот секоја година убивал повеќе луѓе отколку СИДА-та во својот пик.
- Првата спирала е направена во 1909година од свилена буба.
- Хемиските и хормонски контрацептиви биле измислени во 1950-тите и истите биле забранети за брачните парови. Но, не за долго. Во 1972година правото за нивно користење станува пошироко и за брачните парови.
Денес, не само што ни се достапни безбдени контрацептивни средства, туку има и поголем опсег на избор, а тоа значи поголема автонимија над нашето тело, над нашето сексуални и репродуктивно здравје!