Покана до медиуми -Прес- 20 Септември- Светски ден на гинеколошки карциноми

Почитувани,

Македонската асоцијација за гинеколози и опстетричари, МАГО, со особена чест и задоволство Ве поканува да бидете дел од прес конференцијата која ќе се одржи на 19-ти септември (понеделник), во просториите на Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје, од 10 часот по повод 20 Септември, Светскиот ден за гинеколошките карциноми.

На пресот ќе се обратат повеќе еминентни доктори – Prof. Jean Calleja Aguis од медицинскиот универзитет од Малта, Prof. Klejda Harasani, од медицинскиот факултет од Тирана, Албанија; Prof. Sharon O’Toole од Даблин, Ирска; Проф. Д-р Глигор Тофоски, од медицинскиот факултет во Скопје.

Целта на прес конференцијата е подигнување на свеста за важноста и грижата за репродуктивното и сексуалното здравје на секоја жена, за значењето на раната дијагноза и навремениот третман на ретките гинеколошки карциноми. 

Ретките гинеколошки карциноми ретко добиваат внимание од науката, во клиничките истражувања, и здравствената политика. Но, фактите се загрижувачки:

  • приближно 18,5 милиони жени годишно се заболени од гинеколошки карцином, а скоро на секои 5 минути, згаснува животот на една жена; 
  • на глобално ниво, се проценува дека гинеколошките карциноми сочинуваат приближно 19% од ново дијагностицираните карциноми кај жените, а повеќе од 50% од овие карциноми може да се класифицираат како ретки;
  • приближно 80.000 нови случаи со редок гинеколошки карцином се дијагностицираат годишно во Европа;
  • ретките гинеколошки карциноми исто така се асоцираат и со лоша прогноза (петгодишна вкупна стапка на преживување на пациентите со редок гинеколошки карциноми е само 48,5%).

А, бидејќи мултидисциплинарниот пристап и вмрежувањето е од суштиинско значење, поддржани од European cooperation in science and technology, COST, во период од 18-ти септември (недела), до 20-ти септември (вторник) 2022 година, Македонското Лекарско Друштво (МЛД) и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), ќе бидат организатори на меѓународната работилница наменета за доктори, специјализанти и специјалисти од повеќе медицински области, именувана Updates on Rare Gynecological Cancer: Focus on Pathological Aspects and Beyond. Во рамките на работилницата ќе се одржи и виртуелна промоција на книгата: “Telemedicine in Therapeutic Assistance particularly in Oncology” во соработка со медицинскиот универзитет од Болоња, Италија. 

Со почит,
Претседател на МАГО,
Проф. Д-р Глигор Тофоски

 _________________________

Контакт лице:

Јасмина А. Чашуле

072 44 38 40

mkd.mago@gmail.com

jasmina.casule@gmail.com

Categories: новости