Почитувани колеги,
На сите да Ви посакам добро здравје и успеси годинава, а на сите христијански верници да им посакам Среќен Велигден 😊
Прво да Ве потсетам дека во склоп на активностите за континуирана медицинска едукација, на ден 27 Април – среда со почеток во 18.30 часот ќе се одржи секциски состанок акредитиран во МЛД и ЛКМ на тема „ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИКАМЕНТОЗНА И ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА ВО ЗАЧУВУВАЊЕТО НА ЗДРАВЈЕТО НА ЖЕНАТА“, каде предавачи се Доц.д-р Весна Ливринова, Доц.д-р Драге Дабески од УГАК-Скопје и Доц.д-р Марија Гоцевска од Заводот за физикална терапија-Скопје, подржан од претставникот Дарко Трајчевски од FARMA PRO-Скопје.
На предавањето ќе се дискутира за потребата од физикални вежби кај трудниците и гинеколошките пациентки, со цел подобрување на нивното понатамошно добро здравје. Сите регистрирани учесници со уплатена котизација ќе добијат сертификати, додека за сите останати учеството е слободно.
Агенда
- Обраќање на Претседателот на Македонска Асоцијација на гинеколози и опстетричари – Проф. Д-р Глигор Тофовски
- Улога на физичката активност во бременоста – PhD Доц. Весна Ливринова
Физијатриски и медикаментозен менаџмент кај гинеколошки пациентки – Доц. Драге Дабески - Xaluron – Прв избор од терапија при регенерација на вагинална флора – М-р Фарм. Дарко Трајчевски
- Кинезитерапија – важен аспект за здрава бременост – PhD Доц. Марија Гоцевска
Второ, на ден 01.04.2022 се одржа состанок на УО на МАГО каде се донесоа неколку одлуки
- да се ажурира членството, да пополнат нови регистрациони листи и да се зголеми членарината на 1200 денари за сите членови (специјалисти и специјализанти), сума за која ќе постои опција да се уплаќа еднократно (онлајн или фактура) или на 12 месечни рати преку работната организација.
- Заради пандемијата на Ковид 19, дојде до одложување на редовниот термин на Конгресот на гинеколози и опстетричари, и заради соодветно организирање на истиот, се донесе одлука да се отпочне со за одржување на истиот во месец мај 2023 година. Локацијата е најдобро да остане во Охрид, а за форматот, со надеж дека ќе биде нормализиран живото е да биде со физичко присуство, доколку има потреба со организирани онлине предавања или хибридно учество.
- Повеќе членови на МАГО се инволвирани околу подготовката на Web страната на здружението, но постои отвореност да се пријават и други членови за подготовка на податоци и учество во редовното доставување на информации за поплнување на страната
- Се поттикна и идејата за почесто организирање на активности од областа на континуирана медицинска едукација, за навремено запознавање на лекарите со нови теми, како и за обезбедување на бодови за релиценцирање.
За сите други понатамошни планирани активности, ќе Ве информираме во следниот скорешен mail.
Среќни последователни празници!
Проф.д-р Глигор Тофоски