Премалигни и малигни промени на генитален тракт

Упатството за менаџмент на пациетнки со цервикален канцер од 2018 година на Европското здружение за гинеколошка онкологија (European Society of Gynecological Oncology, ESGO), Европското здржуение за радиотерапија и онкологија (European Society of Radiotherapy and Oncology, ESTRO) и Европското здружение за патологија (European Society of Pathology, ESP) има за цел подобрување и хомогенизирање на менаџментот на пациентки со цервикален канцер во мултидисциплинарни услови. Ова упатство е наменето за субспецијалисти по гинеколошка онкологија, гинекологи, хирурзи, радиолози, општи доктори, тимови за палијативна нега, како и други здравствени работници. Упатството има за цел сеопфатно да ги претстави процедурите за стејџинг, менаџмент и следење на пациентки со цервикален кацнер. Делод за менаџмент вклучува третмани кои ја презервиваат фертилноста, третман на пцеинтки со клинички T1a1 -T2a1 тумори, третман на пациентки со клинички окултен цервикален кацер дијагностициран на рутинска хистеректомија за друга причина, третман на пациентки со локално напреднат цервикален канцер, третман на бремени пациентки и третман на пациентки со рекурентна болест. Предложени се и детаљи за формулирање на патохистолошкиот извештај кој е од централно значење за менаџментот на овие пациентки. Во упатстовото е даден и приказ на принципите на администрацијата на зрачна терапија. Ова упатство не вклучува стратегии за менаџмент на пациентки со неуро-ендокрини тумори, сакроми и други ретки хистопатолошки подтипови на цервикалне канцер.

Линк до упатството

ESGO Cervical cancer guideline


Упатството за третман на пациентки со оваријален канцер произлезе од заложбата на Европското здружените за онкологија (European Society of Medical Oncology, ESMO) и Европското здружение за гинеколошка онкоогија (European Society of Gynecological Oncology, ESGO) за подобрување на квалитетот на медицинска нега за пациетнките со оваријален канцер во Европа. Упатството дава сумарен приказ нз закличоците од ESMO-ESGO конференцијата за консензус одржана во Милано, Италија 2018 година. Упатството вклучува препораки класифицирани во четири значајни области: патологија и молекуларна биологија, borderline и тумори во ран стадиум, тумори во мапреднат стадиум и рекурентна болест. Препораките содржани во ова упатствосе базирани на најдобрите достапни докази и консензусот од експерти.

Линк до упатството

ESGO Ovarian cancer guideline


Упатството за третман на вулварен карцином на Европското здружение за гинеколошка онкологија (European Society of Gynecological Oncology, ESGO) содржи препораки кои се однесуваат на дијагнозата, упатувањето, предоперативната обработка, хируршкиот третман (локале третман, третман на ингвинумот, реконструктивна хирургија), процедура за дисекција на сентинел лимфни јазли, зрачна терапија, хеморадијација, системска терапија и третман на рекурентна болест (вулварен рецидив, инфвинален рецидив или далечна местастаза) како и следење на пациентки со вувлварен канцер.
Целта на упатството е подобрување и хомогенизација на третманот на пациентки со вувлварен канцер. Ова упатство е наменето за субспецијалисти по гинеколошка онкологија, гинекологи, хирурзи, патолози, онколози, општи доктори, тимови за палијативна нега, како и други здравствени работници. Упатството се однесува на пациентки со планоцелуларен (сквамозен) карцином на вулвва и не офпаќа препораки за други поретхи хистолошки типови на вулварен канцер.

Линк до упатството

ESGO Vulvar cancer guideline


Упатството за менаџмент на пациентки со ендометријален карцином од 2020 година на Европското здружение за гинеколошка онкологија (European Society of Gynecological Oncology, ESGO), Европското здржуение за радиотерапија и онкологија (European Society of Radiotherapy and Oncology, ESTRO) и Европското здружение за патологија (European Society of Pathology, ESP) е дополнување на заклучоците од Европската конференција за консензус за ендометријален карцином одржана во 2014 година. Со оголед на исклучително обемната објавена литература за менаџментот на ендометријалниот карцином по 2014 година, ESGO, ESTRO и ESP направија ажурирање на упатствата вазираи на докази со цел вклучување на нови делови и обезбедување на упатство кое ги офпаќа сите релевантни прашања поврзани со дијагнозата и третманот на пациентки со ендометријален карцином. Целта на ова упатство е да го подобри квалитетот на медицинската нега за пациентките со ендометријален карцином. Ова упатство е наменето за субспецијалисти по гинеколошка онкологија, гинекологи, хирурзи, радиолози, општи доктори, тимови за палијативна нега, како и други здравствени работници.

Линк до упатството

ESGO Endometrial cancer guideline


Ова упатство се однесува на клиничката евалуација и менаџмент на пациентки со гестациска трофобластна болест, а во него се вклучени хируршките и не-хируршките опции за третман на бенигни, премалигни и малигни состојби кои спаѓаат под оваа категорија. Целта на упатството е да им помогне на здравствените работници во навременото дијагностицирање на гестациската трофобласнта болест, стандардизација на третманот и начинот на следење и обезбедување на специјализирана нега за пациентки со малигни и/или метастатска болест. Упатството е наменето за гинеколози – акушери, специјалисти по семејна медицина, специјалисти по уиргентна медицина, анестезиолози, радиолози, патолози, субпецијалисти по гинеколошка онкологија, онколози и други здравствени работници и соработници. 

Пациентките со дијагностицирана гестациска трофобластна болест треба да се упатат до гинеколог за иницијална евалуација и примарен хируршки третман и следење. Пациентките дијагностицирани со гестациска трофобластна неоплазија треба да се упатата на гинеколог-онколог за стејџинг, проценка на ризик и евалуација за примарен хируршки или системски третман (хемотерапија).

Линк до упатството

Gestational trophoblastic disease: ESMO Clinical Practice Guidelines for diagnosis, treatment and follow-up


Ревидираното упатство за менаџмент на пациентки со абнормални резултати за цервикален скрининг на Американското здружение за колпоскопија и цервикална патологија (American Society of Colposcopy and Cervical
Pathology, ASCCP) ги вклучува трите достапни стратегии за скрининг: примарен HPV – базиран скрининг, котестирање HPV + цервикална цитологија или само цервикална цитологија. Новите податоци укажуваат на тоа дека индивидуалниот ризик за развивање на преканцерозни лезии на цервиксот може да се процени врз база на скрининг тестот, резултатите од претходните скрининг тестови и резултатите од биопсија, имајќи ги предвид и индивидуалните карактеристики како возраст и имуносупресија. Во рутинскиот скрининг се вклучуваат само пациентки кои немаат потреба од следење заради претходен абнормален резултат на скрининг тест.
Упатството од 2012 година беше првото упатство безирано на принципот на “ист третман за исто ниво на ризик” каде ризикот за развивање на малигна неоплазма на грлото на матката се проценува преку 5-годишниот ризик за развивање на цервикална интраепителијална неоплазија градус 3 (CIN 3) или потешка помена (CIN 3+) како суроганта мерка на исход. Воведувањето на упатства базирани на ризик во 2012 година беше напредок, но во упатството беше задржан пристапот на проценка на ризикот преку комплицирани алгоритми со недоволно вклучување на резултатите од претходните скрининг прегледи. Суптилното подобрување на разбирањето за влијанието на резултатите од прехтодните скрининг прегледи врз ризикот и вклучувањето на повеќе променливи во упатството од 2019 доведе до ускладување на практиките за третман со моменталните познавања за природната историја на инфекцијата со HPV и карциногенезата. За пациентките со зголемен ризик се препорачуваат почести контроли, колпоскопија и/или хируршки третман, додека за пациентките со низок ризик, колпоскопијата и честите прегледи може да се избегнат и овие пациентки може да се вратат во номрланата скрининг популација.

Линк до упатството

ASCCP Risk-Based Management Consensus Guidelines for Abnormal Cervical Cancer Screening Tests and Cancer Precursors


Цервикалната интраепителијална неоплазија (CIN) е премалигна лезија која се дијагностицира хистолошки. Доколку не се третираат, CIN2 и CIN3 може да прогредираат до развој на инвазивен цервикалне карцином. Постојат три главни начини на третман – криотерапија, ексцизија на трансформационата зона со електрична јамка (LLETZ/LEEP) и класична конизација. Упаството дава препораки за употреба на LLEP, криотерапија и класична конизација за хистолошки потврдени CIN2+ лезии, како и препораки за третман на хистолошки потврден аденокарцином in situ на грлото на матката.

Линк до упатството

WHO guidelines for screening and treatment of precancerous lesions for cervical cancer prevention

Categories: Uncategorized