Инфекции на гениталниот тракт

Ова упатство се однесува на третман на лица кои имаат зголемен ризик од секусално преносливи инфекции и е надргадена и проширена верзија од упатството објавено од CDC во 2015 година. Во него детално се дискутирани:

1) препораките за третман на инфекција со Neisseria gonorrhoeae, Chlamydia trachomatis и Trichomonas vaginalis;

2) препораката за довавање на metronidazole во режимите за третман на пелвична инфламаторна болест; 3) алтернативни опции за третман за бактериска вагиноза;

4) менаџмент на пациенти со инфекција со Mycoplasma genitalium;

5) препораки за советување за HPV вакцинација;

6) дополнување на објаснувањата за ризик фактори за развивање на сифилис кај бремени жени;

7) препораки за тестирање за инфекција со хепатитис C;

8) евалуација на мажи кои имаат секс со мажи по полов напад;

9) тестирање за генитален херпес симплекс вирус во две фази.

Упатството е наменето за сите здравствени работници и соработници вклучени во третманот и превенцијата на сексуално преносливи инфекции. Примарниот фокус на упатството е третманот и советувањето, па поради тоа во него не се опфатени теми како социјални услуги и интервенции кои се есенцијални за превенцијата на СПИ. Упатството наведува и оперативни детерминантни за квалитетни услуги во различни клинички услови, предлага point-of-care тип на третмани и индицира дали одредени состојби треба да се третираат во консултација со специјалист.

Линк до упатството

CDC Sexually Transmitted Infections Treatment Guidelines, 2021

Categories: Uncategorized