Европското здружение за хумана репродукција и ембриологија (European Society of Human Reproduction and Embryology, ESHRE) го разви ова упатство со цел обезбедување на кинички препораки за подобрување на квалитетот на здравствена нега на пациетнки со ендометриоза. Целта на упатството е да им помогне на здравсвените работници во секојдневната клиничка пракса околу изборот за соодветен и ефикасен третман на нивните пациентки. Следствено, упатството дава практични совети за здравствената нега на пациентки со сомнение за ендометриоза, како и третман на пациетнки со хистолошки потврдена ендомериоза. Препораките се однесуваат како на контрола на болката, така и на можните проблеми со фертилноста асоцирани со ендометриозата. Дадени се и посебни препораки за менаџмент на пациетнки кај кои ендометриозата е случаен наод (т.е. пациентки без болка и без инферттилитет), адолесцентни пациентки, како и менопаузални пациентки со ендометриоза. Упатството дава и информации за опишаните ризик фактори за развој на ендометриоза, како и асоцијацијата на ендометриозата со други болести, а дава и препораки за превенција и мониторинг. Упатството е примарно наменето за здравствени работници и соработници кои работат на секундарно и терциерно ниво на здраствена заштита и имаат директен контакт со пациентки со ендометриоза во секојдневната пракса. Иако здравствените работници кои работат на примарно ниво на здравсвтена заштита не се главниот таргет за ова упатство, сепак може да биде корисно и за нив.
Линк до упатството