Европското здружение за гинеколошка онкологија (European Society of Gynecological Oncology, ESGO), Интернационалното здружение за ултразвук во гинекологијата и акушерството (International Society of Ultrasound in
Obstetrics and Gynecology ISUOG), Групата за интернационална анализа на оваријални тумори (International
Ovarian Tumour Analysis, IOTA group) и Европското здружение за гинеколошка ендоскопија (European Society for Gynaecological Endoscopy, ESGE) заеднички го објавија ова упатство за предоперативна дијагноза на оваријални тумори. Препораките во упатството се базирани на медицински докази и се клинички релевантни, а вклучуваат препораки за имиџинг, употреба на биомаркери и употреба на предикциски модели за предоперативна дијагностика на оваријални тумори и проценка на раширеноста на болеста.
Прецизната карактеризација на секоја новодијагтностицирана аднексална маса е од најголемо значење за дефинирање на соодветниот начин на третман. ПАциетнките со маси кои се суспектни за малгнитет би требало да бидат препратени во гинеколошко-онколошки центар, а пациентките со не-гинеколошки приомарен тумор треба да бидат препратени до соодветен специјалист. Изборот на третман треба да биде базиран на општата клиничка слика на пциентката, симптомите, личните преференци, претходната анамнеза, туморските маркери и радиолошките наоди. Изборот за натампшна евалуација и третман не треба да биде базиран само на еден дијагностички модалитет.
Линк до упатството
ESGO/ISUOG/IOTA/ESGE Consensus Statement on preoperative diagnosis of ovarian tumors
Ова упатство има за цел да ги сумира гледиштата за патофизиологијата, преваленцата и клиничкото значење на миомите на утерус и да ги сумира најдобрите достапни докази за модалитетите за третман. Имплементацијата на ова упатство би требало да го подобри процесот на одлучуање на пацеинтките и клиничарите околу натамошните инвестигации или третмани поврзани со дијангостицираните миоми на матката, имајќи ги предвид природниот тек на болеста и достапните опции за третман, како и да даде преглед на ризиците и очекуваните придобивки од различните терапевтски оцпии. Изборот на третман секогаш треба да биде насочен кон подобврување на симптомите и подобрување на квалитетот на животот на пациентката, а трошоците асоцирани со третманот треба да се гледаат низ призмата на трошоците асоцирани со нтетретирана болест. Во упатството се содржани клинички релевантни препораки за евалуација, медикаментозен третман, конзервативен третман и селективна васкуларна оклузија, како и хируршки модалитет за третман (вклучувајќи миомектомија и хистеректомија). Односот меѓу ризиците и очекуаните бенефити треба да секогаш треба да се разгледуваат на индивидуално ниво.
Линк до упатството