На 19 ноември 2020 година во организација на Светската Здравствена Организација, во Р. С. Македонија, а со учество на претставници од Министерство за Здравство, регионалната канцеларија на СЗО и сите релевантни партнери (родилишта, матични гинеколози, невладини организации итн) беа презентирани главните наоди од првиот годишен извештај за перинатален морталитет. Во финалниот извештај содржани се и препораки за подобрување на перинаталната грижа на мајката и новороденчето, кои во најголем дел ќе бидат имплементирани во главниот план за периодот од 2021-2025 година.
